Трамп бара одложување на изборите: Можни се измами ако се гласа по пошта

Американскиот претседател, Доналд Трамп, побарал одложување на претседателските избори закажани за ноември оваа година.

Како причина за овој радикален потег Трамп ги навел можните измами доколку гласањето се одвива по пошта.

Трамп нема уставно овластување да ги одложи изборите, тоа може да го направи Конгресот.

Тој тоа го објавил на Твитер, иако, како што наведува „CNN“, нема докази дека може да дојде до измами за кои што тој предупредува.

Претседателот на САД навел дека таквите избори, на кои ќе може да се гласа преку пошта, ќе бидат најголемата измама на избори во историјата.

„Тоа ќе биде најголемиот срам за САД. Да ги одложиме изборите додека луѓето не би можеле да гласаат прописно и безбедно?“, навел Трамп.

Во прилог на својата теорија за можни измами, Трамп на Твитер објавил и експеримент за таквиот вид гласање, направен од една локална ТВ страница.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.07.2020 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега