Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Данска веднаш да се повлече од Гренланд.

„НАТО, кажете ѝ на Данска веднаш да се губи оттаму! Две кучешки запреги не се доволни! Само САД можат!!!“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл.

Тој додаде дека Данската разузнавачка служба (DDIS) минатата година предупредила на руските и кинеските воени цели кон Гренланд и Арктикот.

Во објавата, Трамп прикачи и текст од сајтот „JustTheNews“, во кој се наведува дека, додека данските лидери ја минимизираат заканата што ја претставуваат Русија и Кина за Гренланд, Данската одбранбена разузнавачка служба (DDIS) неодамна објавила проценка со отворено предупредување за руските и кинеските воени амбиции за ширење во подрачјето околу Гренланд и Арктикот.

Изјавата на Трамп беше објавена неколку часа пред планираниот состанок на американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот Џеј Ди Венс со министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд во Белата куќа, на кој треба да се разговара за иднината на островот.

Гренланд е автономна територија во составот на Данска, но во последните месеци се најде во фокусот на вниманието на Трамп и американската администрација поради своето стратешко значење за Арктикот и безбедноста на САД.

Exit mobile version