Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја критикуваше италијанската премиерка Џорџа Мелони на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија со неа и коментар во кој наведува дека „потребна е забрана за приближување“.

Инцидентот следува по нивната средба на самитот на Г7 во француското одморалиште Евијан, каде двајцата беа фотографирани во разговор.
По состанокот, Трамп во интервју за ТВ Ла7 изјави дека Мелони наводно го замолила да се фотографираат заедно, додавајќи дека ѝ „паднало жал“ и дека таа изгледала среќно по разговорот.
На неговите изјави реагираше и Џорџа Мелони, која ги оцени како неосновани и бесмислени, посочувајќи дека повторените напади немаат реална основа. Таа додаде дека нејзината политичка позиција и популарност во Италија не зависат од вакви тврдења.