Трајковски: Нов сомнеж за „Рекет“ – Јанева повлекла обвинение за директорот на „Дрим Билдинг“

Катица Јанева го повлекла  обвинението за ТНТ  против инвеститорот на Космос Адриан Амзовски и директор на фирмата „Дрим Билдинг“, а по два месеци тој  на сметката на Меѓународниот сојуз на  Боки 13 уплатил 233 илјади евра-обвини поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски на денешното судење за ТНТ, објави Сител.  Токму поради новите информациите за поврзаноста на Јанева со „Рекет“, кои ги изнесе обвинетиот Трајковски, во овој случај, побара нејзино изземање.

За случајот „Рекет“ Јанева неофицијално исказ во Обвинителство треба да даде во вторник, каде е повикана како сведок.

Јанева денеска дала наредба за претреси и проверки на сите кои влегуваат и излегуваат од зградата на СЈО.

Наредбата на Јанева следува откако таа добила покана за распит од Вилма Русковска, која по одморот се врати на работното место. Јанева ја донела одлуката денеска, а сите останати дознале откако на влез во СЈО, полицаецот ги стопирал и им барал да им ги провери торбите кои ги носеле со себе по налог на Јанева

Според сведоци, претресена била и Фатиме Фетаи која била видно изреволтирана, поради ваквата наредба од страна на нејзината шефица.

-Не може да сфатам како почна да се наредува такви работи откако ние 4 години по судници и секаде се бориме за СЈО, вели Фетаи.

И покрај тоа, од СЈО велат дека официјално од Јанева немало наредба за претрес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2019 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега