Трајановски: Шилегов на Скопјани им остави агонија од зголемен сообраќаен хаос

Денеска скопјани добија уште еден проблем. Наместо прво да ги решава тесните грла, Петре го прошири пристапниот булевар кон нив, со што ќе се создаде уште поголема гужва на овие раскрсници, напиша на социјалните мрежи поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски.

Според Трајановски, Булеварот Никола Карев завршува на старите семафори на раскрсницата со Бул. 8-ми Септември и ул. Качанички пат ( Момин Поток ).


„Проширувањето на Бул. Никола Карев од касарната до Момин Поток беше секундарно заради големиот сообраќај кој сега ќе се донесе на едно од најтесните сообраќајни точки во Скопје. Предуслов за проширување на овој дел од бул. Никола Карев беше изградбата на кружен тек на Бул. 8-ми Септември и ул. Скупи, односно кај Тојота и Хубо маркет, 4 ленти се до Клучката на две нивоа на Момин Поток т.е на Бул. Никола Карев, Бул. 8-ми Септември и ул. Качанички пат. Но Петре Шилегов си го заврши тоа што му е полесно зошто избори доаѓаат па треба да се пофали со нешто“, напиша Трајановски.

Сега, за жал на Скопјани, како што вели поранешниот градоначалник на Скопје, им останува агонијата од зголемениот сообраќаен хаос на овие две раскрсници додека не се заврши овој мегапроект за кој му оставив документација која фаќаше прашина низ градските фиоки, напиша на Фејсбук, Трајановски.

17.07.2021 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега