Трајановски до Шилегов: Зошто ја рушиш Универзална, ова ли е тоа „Скопје чекор по чекор“

Петре зошто ја рушиш Универзална, запраша на социјалните мрежи поранешниот градонначалник на Скопје, Коце Трајановски, по објавата дека на местото на Универзална сала ќе се гради отворена бина.

„Ти оставив готов проект. Бев кај вашиот министер Алаѓозовски му го однесов проектот и го замолив да започне градбата но проектот не продолжи. Се прашував зошто луѓево не ја градат Универзална ???

За јавноста да се запознае подобро ќе и ги посочам следниве факти :

Универзална сала се наоѓа во градската четврт 3 11 а во истата четврт е и поранешата фабрика “Треска”. Пред извесно време јавноста ја брануваше деталниот урбанистички план за “Треска” во кој се предвидуваат 50 згради. За да се оствари процентот на зеленило во оваа градска четврт можеби се жртвува Универзална сала на чие место треба да има парк а со тоа на просторот на Треска се добива поголем кофициент на изграденост.

Почитувани Скопјани ако е така се прашувам ова ли е тоа “Скопје – чекор по чекор” ???

Наздравје

P.S. За потсетување каков проект oставив и како требаше да изгледа до сега конгресниот центар “Александар Македонски” со главна универзална сала “Тоше Проески”“, напиша Трајановски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.07.2020 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа