Трајановски до Шилегов: Градската куќа ја продадовте под пазарната цена, а сега купувате нова на рати

Советникот од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од партијата Гром во Советот на градот Скопје, Александар Трајановски на денешната седница на Советот на град Скопје каде се дискутираше за ребалансот на буџетот на Град Скопје објави дека градоначалникот Петре Шилегов ја продаде наследената градска куќа за 12 милиони евра, а парите ги потроши за непознати цели.

 

– Петре Шилегов ја продаде Градската Куќа за 12 милиони евра. Дека ги потрошил парите од продажбата докажува фактот што сега на 3 месеци пред крај на својот мандат прави измена на програма за развој со која бара поддршка од Советот на Град Скопје да му аминуваат новата зграда да ја купува на рати. И тоа, градоначалникот Шилегов да плати 1,5 милиони евра сега, на 3 месеци пред крај на својот мандат. Значи 11 милиони евра нема и се потрошени залудно, изјави Трајановски.

06.07.2021 - 20:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега