Трајанов: Во новата Влада ќе има повеќе министри Албанци отколку Македонци - нарушен е етничкиот баланс

Павле Трајанов, лидер на Демократски сојуз, еден од предизборните коалициски партнери на СДСМ што се застапени во Собранието, изнесува резерви кон договорот со Алтернатива за влез во Владата.

-Треба да го видиме договорот што е постигнат, но од она што беше јавно објавено, сметам дека непотребно е во договорот да се внесуваат судски предмети и нивна ревизија, како што е случајот „Монструм“ и други. Тие се завршени со правосилни пресуди, некои по повторени постапки, и безмислено е одново да се отворааат и преговараат – вели Трајанов во изјава за Фокус.

Воедно, тој вели дека фактот што сега во новата влада меѓу министрите може да има повеќе етнички Албанци отколку Македонци, според него, го нарушува етничкиот баланс предвиден и со Рамковниот договор.

06.12.2021 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега