Трајанов: Од 19 министри во Владата 10 се Албанци

Од 19 министри во Владата 10 се Албанци вели лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов за Сител. Според него, тоа може да создаде проблеми во вкупните меѓуетнички односи во државата.

“Се плашам тоа да не има рефлексија на вкупните односи на меѓуетнички план. Не сум сигурен околу ова прашање и мислам дека таа фокрумла која е дефинирана во Охридскиот рамковен договор треба да се инкорпорира во Владата.
Кога некој од ДУИ работи во некоја  институција тие инсистираат 25% да бидат вклучени Албанци, а таму каде што раководи ДУИ, таму вработените најголем дел Албанци, многу повеќе од она што го предвидува рамковниот договор.“

Обидот да се направи вештачки баланс со воведување на нови министерства без ресор мислам дека нема помине кај граѓаните.

 

 

06.12.2021 - 19:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега