Трајанчо Велковиќ денеска почина како странец во земјата во која е роден

Трајанчо Велковиќ од скопско Драчево почина како странец во родената земја.

Беше роден и цел живот живееше во Скопје, но без македонско државјанство поради бирократските лавиринти низ кои не можеше да се снајде ниту да докаже дека е македонски државјанин.

Како што пренесуваше ТВ24 во сторијата во која се обиде да му помогне и поради влошената здравствена состојба, нему од 96 година му е поништена личната карта поради неколку месечен престој во Шумадија, станува туѓинец и невидлив за инситуциите. Велковиќ од тогаш не добил одговор зошто не може да добие македонски документи иако е роден и живее тука.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2019 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега