Трагичен ден во Белград, три тела извлечени од Сава и Дунав во само неколку часа

Три тела на давеници биле извлечени попладнето и вечерва од реките Сава и Дунав во Белград.

Вечерва околу 21 часот било извадено телото на давеник на кејот на Дунав во Земун. Според неофицијалните информации на „Курир“, станува збор за телото на 50-годишен маж, кое од водите на реката го извлекле припадници на Единицата за безбедност на реките во близина на познат ресторан во Земун.

Претходно, на популарната белградска плажа Ада Циганлија, на реката Сава, беше пронајдено телото на 65-годишен маж.

Во попладневните часови, пак, телото на 20-годишна девојка, која пред два дена скокнала од Панчевачкиот Мост, е пронајдено во Дунав кај Ада Хуја, соопшти полицијата.

 

31.08.2022 - 23:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа