Почина осуденик во Казнено поправната установа-Затвор Штип. Во крими билтенот на СВР-Штип се наведува дека вчера во 10:35 часот во СВР Штип, од Казнено поправна установа-Затвор Штип пријавено е дека во соба во установата пронајден е починат осуденикот 40 годишниот В.М. од Скопје.

Од лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Exit mobile version