Трагедија во светиниколско: Го удрило горм и починал на лице место

 

Гром удрил во маж од светиниколско додека ги напасувал овците, по што тој  починал на лице место.

„На 05.07.2020 во 20.00 часот било пријавено дека во с.Дорфулија, светиниколско, на место викано „Дорфулиски ливади“, Т.Ш.(46) од с.Дорфулија, додека напасувал стадо овци, го удрило гром и починал на местото“ соопштуваат од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.                               

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега