Трагедија во Србија: Мајка затекнала морничава сцена кога се вратила дома

18-годишен матурант Дарко И. се обесил завчера во селото Тврдиќи кај Пожега, а телото го пронашла неговата мајка кога се вратила од работа.

Иако несреќната жена веднаш повикала лекари и полиција, на момчето му немало спас.

-Се обесил на креденоцот во куќата, а оставил и проштално писмо. Полицијата веднаш го преземала неговиот телефон и компјутер за да се утврди со кој комуницирал, како и дали можеби ова има врска со предизвиците на социјалните мрежи - наведува изворот.

Соседите на настраданото момче велат дека целото село вбило во шок.

-Беше одличен ученик, средношколец во Медицинското училиште.

Дете за пример, какво може секој да посака. Родителите му се вредни луѓе - велат соседите.

Тие за Курир.рс велат дека ништо не давало впечаток дека детето има проблем, добро се согласувал со сите. Немал девојка. Иако оставил проштално писмо, никој не ја знае точната причина зошто момнчето посегнало по својот живот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2021 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега