Трагедија во Скопје: Велосипедист го загуби животот

58-годишен скопјанец утрово во сообраќајна несреќа во Скопје го загубил животот. Во него удрило возило, при што починал на местото на несреќата, известува Министерството за внатрешни работи.

– На 04.12.2021 година било пријавено дека на улица “Маџари” во Скопје патничко возило форд фокус со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (25) удрил во велосипед управуван од А.А.(58) од Скопје. Велосипедистот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, се вели во соопштението од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен
обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

04.12.2021 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега