Трагедија во Саферн: Студентка почина откако се задушила на натпреварување во јадење хот дог

Маделин Ли Нипкон (20), студентка од местото Саферн починала во неделата, откако еден ден претходно е пренесена во болница.

Девојката завршила во болница поради гушење на натпреварување во јадење хот дог кој бил организиран во рамки на хуманитарна акција.

-По укажаната прва помош на лице место, Меди е пренесена во болница во Масачусетс каде починала во неделата, се наведува во соопштението.

Нејзиниот тим на Инстаграм објавил дека никогаш нема да ја заборави.

22.10.2021 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа