Трагедија во Русија: Во експлозија и пожар умреа 16 лица

Во фабрика за барут во експлозија и денешен пожар умреа 16 лица во регионот Рјазан, во Русија.

Како што известуваат странските медиуми, причината за пожарот е веројатно „нарушување на технолошкиот процес и мерките за безбедност“.

Пожарот избувна во работилницата за производство на барут во фабриката Еластик плант. 

Министерството за вонредни состојби соопшти дека првпат добило сигнал за пожар во фабриката во 08:22 часот по локално време. На местото на настанот биле испратени повеќе од 170 спасувачи. 

22.10.2021 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега