Трагедија во Охрид: Пешак смртно настрада

Човек го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи вечерва на излезот од Охрид на магистралниот пат кон Битола.


Според првичните информации, повозрасно лице бил прегазено од моторно возило „Ауди” со охридски регистарски таблички на коловозот кај село Лескоец, што се наоѓа на самиот излез од Охрид кон Ресен и Битола.


Полицијата го потврди случајот, на местото се врши увид што треба да ги утврди причините за несреќата, а повеќе информации од СВР најавија за утрешниот ден, пренесува МИА.

03.12.2021 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега