Најмалку десет лица загинаа, а 32 се повредени во тешка автобуска несреќа што се случи во источната мексиканска држава Веракруз. Локалните власти потврдија дека меѓу жртвите има девет возрасни лица и едно дете.

Трагедијата се случила во градот Зонтекоматлан, додека автобусот сообраќал на релација од главниот град Мексико Сити кон селото Чиконтепек.

„Моментално потврдивме дека девет возрасни лица и едно дете починаа“, соопштија кратко од канцеларијата на градоначалникот на Зонтекоматлан, додека спасувачките екипи сè уште работат на терен за згрижување на десетиците повредени патници.

Exit mobile version