Трагедија во Македонија: Возач на Јавно комунално претпријатие со камион удри во својот колега

 

Маж почина откако бил прегазен од товарно возило во тетовско, информира МВР. Вчера во 11:30 часот на локалниот пат во село Пирок, тетовско, товарно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Јавното комунално претпријатие „Шари“, а управувано од 55-годишниот А.Ф. од село Боговиње, удрило во 40-годишниот О.М. од село Боговиње, вработен во истото претпријатие.

Од ударот О.М. починал на местото. Увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега