Трагедија во Македонија: Пронајден мртов маж на нива

Мртов маж бил пронајден на нива во неготинско откако му се превртел тракторот.

Во 18.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во периодот од 17.00 до 17.30 часот, додека 45-годишниот З.С.  од Неготино вршел земјоделски работи со трактор на нива во атарот на селото Тимјаник, неготинско, тракторот се превртел и З.С.тој починал.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Неготино.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа