Трагедија во Македонија: Прегазен пешак почина во болница

Пешак починал во болница откако автомобил го прегазил на патот Крива Паланка - Куманово.

Во 15.40 часот на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, патничко моторно возило „мерцедес“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот Д.И. од селото Борово, удрило во пешак.

Се работи за 67-годишниот С.А. од селото Градец, кривопаланечко. Во незгодата, Д.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде околу 18.55 часот починал.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Крива Паланка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега