Трагедија во Македонија: Мртов маж најден на нива

Трагедија се случила вчера попладне во Богданци каде на нива бил пронајден мртов маж.

Полицијата информира дека во 18:40 часот во Полициска станица Богданци било пријавено дека 78-годишниот Б.В  од село Ѓавото, општина Богданци, бил пронајден починат во нива лоцирана во место викано „Парагон“ атар на село Ѓавото.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија.

По преземени мерки било утврдено дека Б.В. починал како последица на загушување од чад од оган кој тој го запалил во нива.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.03.2019 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега