Трагедија во Македонија: Две лица загинаа во собраќајка

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на новиот експресен пат Штип-Крупиште.

Надлежните од СВР-Штип потврдуваат дека несреќата се случила околу 16 часот на експресниот пат на четири километри пред штипската приградска населба Три Чешми.

Засега нема информации на која возраст се жртвите и од каде се. Познато е дека несреќата се случила при директен судир меѓу две возила со велешки и битолски регистерски таблички.

При несреќата има повредено и други лица, кои се хоспитализирани во Клиничка болница-Штип, при вадењто на повредените и двете жртви во несреќата интервенирале и штипските пожарникари.

Надлежните од СВР-Штип најавија дека подетални информации за денешнава трагедија на експресниот пат Штип-Крупиште ќе имаат во текот на утрешниот ден.

Според првичните информации од очевидци во несреќата загинале двајца велешани. Увид на местото на незгодата вршат полициски службеници и јавен обвинител од Штип.

20.06.2021 - 23:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега