Трагедија во кумановско: Маж со товарно возило паднал во ископ во каменолом - починал на лице место
Педесет и седумгодишен кумановец кој управувал со товарно возило кипер при работа во каменолом паднал во ископ и починал.
Случајот во полиција е пријавен вчера во 20:50 часот од страна на М.Љ.(41) од селото Сопот, кумановско, вработен во каменоломот.
Извршен е увид од страна на екипа од СВР Куманово, во присуство на трудов инспектор. Телото на починатиот П.С. по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција.
03.07.2020 - 11:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа