Двомесечно бебе почина синоќа на детското одделение во Општата болница во Кавадарци, потврдија од СВР Велес. Случајот во полицијата бил пријавен околу 21:35 часот.
Според полицискиот извештај, бебето било хоспитализирано на 12 јануари, но неговата состојба се влошила.
„Бебето починало и покрај дадената медицинска помош и направена реанимација“, информираат од полицијата.
Смртта била констатирана од лекар, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

