Трагедија во Италија: Загина брачен пар од Скопје, нивното шестмесечно бебе останало живо (ВИДЕО)

Ебубекир С. и нејзината сопруга Егзона М, кои имале 24 години, утринава го загубиле животот во сообраќајка на лице место на автопат во Италија, додека шестмесечното бебе кое било на задното седиште, останало живо, соопштува „Журнал“.

Страшната собраќајна несреќа се случила околу три часот по полноќ, во Италија на автопатот Пјаченца- Торино, во провинцијата Павија, јавува Журнал.

Според истиот медиум возилото со кое патувал парот од скопската населба Сингелиќ, а заедно со нив и шестмесечно бебенце, завршиле на камион паркиран во зона за одмор.

Парот живеел во Лион, Франција, а во Италија биле на одмор.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.06.2019 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега