Трагедија во гостиварско: Маж починал дома, а неговата сопруга во болница, во ист ден

Во СВР Тетово вчера попладне било пријавено дека во село Добридол, гостиварско, во сопствениот дом починал М.М.(74) од село Добридол.

Тој живеел со сопругата Е.М.(74), која истиот ден починала по приемот во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

-Увид на местотот на настанот извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се пренесени во гостиварската Општа болница Гостивар за утврдување на причината за смртта, информираат од СВР Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.07.2020 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега