Трагедија во Америка: 13-годишно момче се капело безгрижно во езеро - недолго после тоа починало од амеба која му го јадела мозокот

Момче од САД починало од инфекција која предизвикува амеба која го „јаде мозокот“.

Станува збор за 12-одишно момче кое починало откако се разболело на одмор во камп на езерото Палатка во Северна Флорида, а како што тврдат неговите родители, инфекцијата од која починало предизвикала паразитска амеба која го јаде мозокот.

Родителите на момчето тврдат дека детето се разболело два дена после капењето во езерото со семејството и пријателите.

Во болница на родителите им било кажано дека станува збор за воспаление на грлото, но кога незадоволни од таа дијагноза го префрлиле во друга болница, момчето ставено било на респиратор и му била установена дијагноза - паразитска амеба за која нема лек.

Тој вид на амеба, може да предизвика амебичен менингоецафалитис.

Амебите кои обично настануваат во топла вода во езеро, река или поток, може да предизвикаат тешки инфекции доколку загадена вода влезе вво нечиј нос и стигне до мозокот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2020 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега