Трагедија утрово ја разбуди Македонија: Едно лице загина во сообраќајка

 

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што претпладнево во 10 часот и 10 минути се случи на регионалниот пат Битола - Демир Хисар на излезот кај селото Лисолај.

Од СВР-Битола информираат дека сообраќајката настанала при судир на камион и трактор и оти загинал совозачот кој се наоѓал во тракторот.

Сообраќајот на регионалниот пат Битола - Демир Хисар, на излезот кај селото Лисолај е во прекин, а екипи на СВР-Битола и други надлежни институции вршат увид и ги утврдуваат причините за сообраќајната несреќа. 

 

 

 

14.07.2018 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа