Трагедија среде езеро: Пожарникар од Крушевац паднал од чамец и си ја исекол главата - од повредата изгубил свест и потонал

28-годишниот Његош Радосавлјевиќ, припадник на Пожарникарно-спасувачката екипа настрадал кога паднал од чамец, затоа што неговиот другар Слободан К. нагло го променил правецот.

Истрагата за трагичната смрт на пожарникарот од Крушевац, чие тело во понеделникот вечерта беше пронајдено во езерото Ќелије, покажа дека несреќното момче паднало од чамецот, после што удрило во моторот и се исекло на главата и рамената, после што изгубило свест и починало.

Полицијата вчера го уапсила 38-годишниот Слободан К. кој управувал со чамецот од кој паднал Његош, поради сомнение дека направил тешко дело против безбедноста во сообраќајот.

Тој немал дозвола за управување со чамецот.

Радосавлјевиќ кој бил припадник на Пожарникарно-спасувачкиот баталјон од Крушевац, во моментот на несреќата не бил на должност.

Тој кобниот ден отишол со другарите да се повози по езерото и да се дружи со нив. Во чамецот покрај Његош, имало уште пет момчиња, а некои од нив му биле колеги. Очевидци раскажале дека тие во еден момент дошле и до брегот на езерото со чамецот. Тогаш од него се симнале три момчиња, а влегле три девојки. Дружината продолжила да се вози, а потоа во околу 14 часот се случила трагедијата.

Телото на Радосавлјевиќ кое било извлечено од езерото 7 часа по трагедијата  е испратено на обдукција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.09.2019 - 08:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега