Трагедија: Спасил три деца кои се давеле во Среверното Море, а потоа неговите деца останале без татко

Марцин Колчински, Полјак, сезонски работник во холандски приморски град го загуби животот, спасувајќи три деца кои се давеле во Северното Море.

Тој разговарал на телефон со својата сопруга Моника кога видел дека децата се во неволја:

- Чекај, гледам некои деца во морето таму, мислам дека нешто не е во ред - беа последните зборови што тој му ги упати на сопругата.

Тој ги спаси децата, но го загуби животот.

Според NL Times, 37-годишниот татко зад себе оставил три деца и неговата сопруга Моника. Бидејќи семејството нема многу пари, пријателите испратиле апел до gofundme.com за помош, со цел барем да ги покријат трошоците за погребот. Сепак, одѕивот бил огромен: досега се јавиле повеќе од 16.000 луѓе и собрани се повеќе од 300 000 евра.

Луѓето оставаа емотивни коментари, а организаторката за собирањ на помош рече дека е „длабоко допрена“.

- Човек кој прави вакво нешто за другите луѓе без размислување заслужува почит, а поддржувањето на неговото семејство со мала донација може да им помогне барем малку во страдањето - гласеше еден коментар.

- Се надевам дека никогаш нема да морам да донесам таква одлука, но ако сепак се најдам во таква ситуација, се надевам дека ќе бидам исто храбар и силен како и овој неверојатен Полјак. Каков херој! - напиша друг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега