Трагедија: Со трактор удрил во ѕид и се превртел- кумановец загинал на лице место

 

Маж од кумановското село Матејче починал откако вчера со трактор удрил во ѕид и се превртел.

Според пријавеното вчера околу 15.40 часот на локален пат с.Матејче, Општина Липково, кумановско, трактор „урсус“, без регистарски ознаки, управуван од Б.И.(56) од с.Матејче,  удрил во ѕид и се превртел.

Б.И. бил пренесен во Ургентен центар Куманово, каде од лекар била констатирана смрт.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Куманово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2020 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега