Трагедија: Осумгодишно дете донесено мртво во Здравствениот дом во Неготино

Осумгодишно дете вчера беше донесено во Здравствениот дом во Неготино без знаци на живот, информираа денеска од таа јавна здравствена установа.

– Беше пробано да се анимира, но без успех. Беше пријавено во полиција. Телото на детето немаше знаци на насилство, повреди. На барање на полиција, известен беше и јавен обвинител, посочија од Здравствениот дом.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски истакна дека телото било предадено на семејството. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.11.2020 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа