Трагедија на регионалниот пат кај Кадрифаков: Жена починала на лице место откако автомобил удрил во неа

Четириест  и шестгодишна самохрана мајка С.С. од светиниколското село Кадрифаково утрово загина кога го преминувала регионалниот пат Штип – Свети Николе, откако во близина ја оставил автобусот со кој се вратила од трета смена во штипска фабрика.

Во обид да го премине патот,  била прегазена од возило што се движело од спротивниот правец.  Како последица од ударот, жената починала на самото место.

Според СВР Штип, несреќата се случила во 6.27 часот. Им било пријавено  дека на регионалниот пат кај село Кадрифаково, возило „форд фокус“ со светиниколска регистрација управувано од 43-годишниот  Т.Г. од село  Ерџелија, удрило во пешакот С.С. од село  Кардифаково. Во незгодата, С.С. се здобила со повреди и починала на самото место. Увид извршила увидна екипа од Полициската станица Свети Николе во содејство со јавен обвинител. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2020 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа