Трагедија на паркинг: Татко оставил пиштол во автомобил, тригодишната ќерка пукала во бремената мајка

Тригодишно дете од Индијана случајно пукало во својата бремена мајка со пиштолот на својот татко, додека биле на паркинг. Мајката е во критична состојба.

Двесет и едно годишната Шанек Томас, која била во шестата недела од бременоста, ранета е денеска во рамото пред маркет во Маривил.

Полицијата рекла дека Мензо Брејзер, момчето на Шанек и татко на нејзините две деца, оставил наполнет пиштол помѓу конзолата и предното седиште, пред да отиде во маркетот.

Неговата тригодишна ќерка некако го дофатил пиштолот и несакајќи пукала. Куршумот поминал низ седиштето и ја погодил мајката во десното рамо.

-Девојчето не е свесно што сторило. Многу се исплашило - рекол детективот Џејмс Богнер.

Мајката успеала да ја отвори вратата од автомобилот и паднала на земја, додека двете деца седеле во автомобилот.

Луѓто веднаш забележале што се случува и дотрчале да ѝ пружат помош на мајката. Мајката веднаш била превезена во болница, а таткото обвинет за доведување деца во опасност. Децата се сместени во социјална служба.

 

 

 

19.04.2018 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа