Трагедија на македонските патишта: Едно лице загина во сообраќајка, а другото се бори за живот

Едно лице загина, а друго е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово во Куманово, соопштија од Итна помош Куманово.

Од итната помош додаваат дека повреденото лице е префрлено на лекување во скопските клиники.

Сообраќајната несреќа се случила околу 6 часот на булеварот „Октомвриска револуција“ во близина на реонскиот пазар.

Од СВР Куманово потврдија дека се случила сообраќјна несреќа  и најавија дополнителни информации во текот на денот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.02.2020 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега