Трагедија на автопатот Куманово- Велес: Возач загинал на лице место

Вчера во 14.30 часот на автопатот Куманово –  Велес, на клучката „Петровец“, Д.Б.(36) од Куманово, управувајќи патничко возило „опел корса“, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, по што возачот починал на лице место.

Д.Б. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.11.2019 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега