Вчера во 09.18 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, во близина на село Горни Полог, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“ во кое се превезувале четири лица и патничко возило „фолксваген поло“ со бугарски национални ознаки, во кое бил само возачот.
Сите пет лица се пренесени во болницата во Кочани, по што Б.Д.(33), Х.М., Д.З. и И.М. се пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза”, а И.М. била пренесена во приватна болница во Скопје. Од здобиените повреди Б.Д. починал, а кај Х.М. се констатирани тешки телесни повреди. Додека, кај останатите се констатирани телесни повреди.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата.