Трагедија го потресе Балканот:„Не можам повеќе да ги поднесам критиките“, 12-годишно момче оставило порака па си пукало во глава

 

12- годишно момче од јуот на Србија, вчера изврши самоубиство, пукајќи си во уста со пиштолот на неговиот татко.н До неговото тело е пронајдено проштално писмо и 15 евра.

Низ што точно проаѓало детето веројатно никогаш нема да биде јасно, но во прошталното писмо тоа напишало многу потресни зборови: 

“Не можам повеќе да ги поднесам критиките поради лошите оценки. Сега повеќе нема да имате кого да критикувате...”, напишал 12-годишното момче. Како што дознава српскиот “Блиц”, во писмото навел и дека детето кое неговата мајка наскоро ќе го роди “ќе биде подобро од него”.

“Се надевам дека тој ќе ве усреќи и дека ќе биде подобар од мене. Немам што да ви оставам освен мојата заштеда од 15 евра”, напишал шестоодделенецот во писмото кое го потресе регионот.

Пиштолот го украл од својот татко

Според српските медиуми, детето си пукало во уста со пиштолот на својот татко. Оружјето било заклучено во фиока, но тој ја обил и успеал да го украде.

Неговата мајка која е трудна, за време на трагедијата била во соседството, додека таткото бил излезен по набавка на дрва. Телото на 12-годишното момче го пронашло семејството во домот, по што била повикана Итната помош која брзо пристигнала на местото, но само констатирала смрт. Семејството има уште едно дете, помало девојче, а соседите велат дека станува збор за добра фамилија и дека ништо никогаш не укажувало на можна трагедија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2019 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега