Трагедија: Двајца скопјани загинаа во тешка сообраќјна несреќа во Чешка (ФОТО)

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на автопатот Прага-Усти на Лаба во Чешка, а според чешките медиуми во несреќата загинале двајца Македонци, М.Б (30) и Д.Б.(27) од Скопје, кои се враќале кон Македонија, објави ТВ21.

Сообраќајна несреќа се случила вчера на автопатот Прага-Усти на Лаба во Чешка, а чешките медиуми објавуваат дека автомобилот излетал од патот и удрил во мостот во правец кон Усти на Лаба.

„Според првичните сознанија, возило марка ‘БМВ‘ излегло од автопатот, по што две лица, возач и сопатник, починаа на самото место“, изјавила портпаролката на полицијата Вероника Хиплерова.

Полицијата ги истражува причините за несреќата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2020 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега