Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, заедно со евроамбасадорот Михалис Рокас и постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан, извршија увид на градежните активности на локалитетот „Маркова Нога“.
Посетата беше фокусирана на напредокот на работите околу воспоставувањето на новиот граничен премин кој во иднина директно ќе ги поврзува Македонија и Грција.
Од Министерството за внатрешни работи нагласуваат дека во целост ги вложуваат своите капацитети во реализацијата на овој стратешки проект, при што во тек е реконструкција и опремување на граничната полициска станица со финансиска поддршка од Европската Унија.
Отворањето на преминот „Маркова Нога“ се очекува да донесе нов економски импулс и развој за целиот Преспански регион, преку унапредување на туризмот, економската и културната соработка, како и дополнително зајакнување на добрососедските односи.
Проектот се реализира според најсовремените стандарди за гранична контрола и безбедност, што ќе овозможи поефикасно управување со границите, силна регионална соработка и приближување на земјава до европските вредности.


