Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во насока на поголема транспарентност и едукација на возачите, најави дека системот „Безбеден град“ нема да биде „стапица“ за граѓаните. Напротив, МВР планира јавно да ги сподели сите локации на кои се поставени камерите за контрола на брзината.
Дополнително, министерот најави воведување на подзаконски акти со кои ќе се дефинира дозволеното пречекорување на брзината.
„Се водиме според европските параметри кои предвидуваат толеранција од три до десет километри на час над дозволеното. Целта не е казнување по секоја цена, туку намалување на брзината и спасување животи“, истакна Тошковски.

