Тортевски: Богоевски требаше да рече дека нарачувал пола јагне или прасе

Реакциите за скандалот околу Павле Богоевски по објавената снимка на која тој тврди дека нарачува масло од канабис за медицински цели, и натаму не стивнуваат.

Адвокатот Александар Тортевски обвинителството има основ да покрене постапка со тоа што Богоевски призна дека набавувал масло од канабис, а му се заканува најмалку година затвор на пратеникот.

-Да не истрчаше со статусот, не ќе можеа ништо да докажат против него. Сепак, Павле излезе храбро и, оправдано или не, соопшти во јавноста дека врши кривично дело. Во ваква ситуација да се најдеше мој клиент, немаше да го осудат. Павле можеше да рече дека се работи за пола јагне, или пола прасе. Тој не зборува за грама, туку само вели „пола“ и „спреми го добро“,  вели Тортевски за Телма.

Снимката се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот. По неа Богоевски на фејсбук напиша дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис, а потоа беше и во полициска станица.

- За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис ѝ помогна таму каде другите лекови не можеа да ѝ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам сè додека е потребно“, напиша Богоевски на Фејсбук, па птооа вчера отиде и во полициска станица.

Следеа многу реакции, досега актерот Дац побара оставка од Павле на Фејсбук, а и ВМРО-ДПМНЕ побараа Заев да му побара оставка и павле да се тестира за дрога.

Пратеникот на ДУИ Артан Груби најави дека ќе поднесат иницијатива за таканаречен „ветинг“, односно контрола за секој пратеник или функционер којшто врши јавна дејност, како што се судии и обвинители, за контрола во врска со користење наркотици, но и учество во криминал и корупција.

Екс дипломатот и аналитичар Арсим Зеколи пак рече дека сите патишта за бомбите водат кон Заев, додека Тортевски се огласи за ситуацијата со Богоевски и порача дека 0,5 или 4,9 гр.марихуана или кокаин, е исто и следи најмалку година затвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега