Тортевски: Сите политичари за еден мандат се здебелија по 20 кила

Адвокатот Александар Тортевски кој се кандидира за градоначалник на Град Скопје вели дека службениците треба да бидат слуги на народот.

-Четири години од сопствениот живот да потрошат во функција на граѓаните. Не првпат во животот да седнат во службена кола и секој втор ден да одат на ручеци. Па еве, видете, сите политичари речиси, еден нема што не качил 20 кила откако ќе седне на функцијата зашто достапни му се кафаните, рече Тортевски во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител, додавајќи дека доколку тој стане градоначалник веднаш ќе поднесе оставка доколку се докаже дека со градски пари платил барем еден ручек.

 

31.08.2021 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа