Топол бран во земјата - метеоролозите информираат до кога ќе трае убавото време

Во следните денови ќе продолжи порастот на максималните дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени, информира мтеорологот Славчо Попоски.

Во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат дури до околу 30, 31 степен. Иако невообичаено топол сепак овој бран е нормална појава во овој дел од годината во нашиот дел од Европскиот континент.

Истата појава сме ја имале и во изминатите години. Јужното и југозападното струење на визина ќе услови а веќе и условува транспорт на прашина и на песок од Сахара кон нашата држава па така и атмосферата ќе биде позаматена.

Поради ваквата ситуација кај метеопатите е можна појава на мачнина и на здравствени проблеми.

Според УХМР топлото време ќе се задржи и во текот на наредните денови проследено со повеќе сонце.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега