УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија, во единаесет часот.

На Попова Шапка е најсвежо, со 17 степени, додека најтопло е во Гевгелија каде се измерени 33 степени.

Во Велес се измерени 31 степени, во Кавадарци 30, Демир Капија и Струмица 29, Скопје 28 степени.

Денеска нѐ очекува променливо облачно време со чести сончеви интервали. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе се создадат услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува.

Дневните температури ќе достигнат од 29 до 36 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови во одделни делови од котлината се можни краткотрајни врнежи од дожд проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од минимални 18 до максимални 34 степени.

Во следните неколку дена времето главно ќе биде стабилно и топло, со умерен северен ветер, кој на места повремено ќе биде засилен. Локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер се очекува во четврток и повторно во недела.

Exit mobile version