Од УХМР за денеска најавуваат дека времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Ова се температурите рано наутро, во 8 часот низ Македонија. Најниска температура утрово има на Попова Шапка и Лазарополе, 16 степени.
Најтопло е во Кавадарци и Гевгелија со 23 степени во 8 часот наутро.
Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и невреме со појава на град.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град.


