Топлите денови не завршија - метеоролозите информираат кога да очекуваме затоплување

По значително постудениот бран кој го зафати целиот регион и Македонија, и ни го донесе првиот снег на планините ќе следи ново значително заоплување на времето и тоа особено за време на викендот кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, информира метеорологот Славчо Попоски.

До тогаш, односно во текот на следните неколку утра минималните температури ќе бидат значително пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени, додека нешто посвеж ден ќе биде утрешниот кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени, во Скопје максималната температура утре ќе се искачи само до околу 21 степен.

Времето ќе биде сончево со умерена облачност, сосема се мали условите за краткотраен локален и слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер и тоа најизразен Долж Повардарието каде ќе биде од северозападен правец, во останатите предели ветерот ќе биде претежно од западен правец.

Од петок ветерот својот правец повторно ќе го промени во јужен и повремено ќе биде засилен, особено за викендот, истиот ќе биде и најава за поголемото затоплување на времето кое ни доаѓа за време на викендот и ќе се задржи и на самиот почеток од следната недела.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега