Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со македонскиот државен врв, на социјалната мрежа Х напиша дека следниот и единствен чекор пред почетокот на преговорите е јасен, а тоа се уставните измени.

„Целосно ја поддржуваме Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Можете да сметате на нас. Следниот и единствен чекор пред почетокот на преговорите е јасен. Треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е во вашиот двор. ЕУ е подготвена“, напиша Урсула фон дер Лајен.

Таа додаде дека во меѓувреме ЕУ бил посветен на приближувањето на Македонија кон Унијата.

„Во меѓувреме, ја приближуваме вашата земја до нас. За тоа се работи во Планот за раст! Отвораме антена за фабрика за вештачка интелигенција во Скопје. Ве вклучуваме во Единствената платежна зона на Европа. И исплаќаме 16 милиони евра благодарение на реформите што ги направивте“, објави Фон дер Лаен.

Exit mobile version